Протест на вработените во судската служба пред Основниот суд во Охрид

Тие побараа од Судскиот буџетски совет да прекине со праксата на, како што истакнаа „дискриминирачки, егоистичен и игноратски однос“ кон судската служба, со забелешка дека средства за судиите секогаш се обезбедуваат, додека за службата нема.

Истовремено, вработените во судската администрација бараат од Министерството за правда под итно да пристапи кон измени на законите, со утврдување поинаква позиција на Судската служба, во смисла на нејзина независност од Судскиот буџетски совет, формирање тело одговорно за вработените во судската служба.

Во Основниот суд во Охрид има седумдесеттина вработени во судската служба, меѓу кои дактилографки, референти во судскиот шалтер, стручни судски соработници, судска полиција, курирска служба… Инаку, се работи за исплата на средства од пет проценти на месечните примања, односно меѓу 500 и илјада денари што е, како што беше истакнато од учесниците на протестот, далу помалку отколку петте проценти што им се исплатени на судиите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега