Утринава земјотрес почувствуван во Македонија

Утринава земјотрес со интензитет од 3.9 степени според Рихтеровата скала, беше регистриран меѓу Кичево и Дебар.

 Земјотресот бил умерен, затоа што бил на голема длабочина, на 100 километри, а се случил во 7 часот и 50 минути.

Земјотресот бил почувствуван и во целиот западен дел од Македонија, дури и во Скопје.

Серија на земјотреси пред десетина дена беа регистрирани во околината на Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.11.2019 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега