Скопјанец приведен поради поседување оружје без дозвола

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, по претходнo добиена судска нареба, изврши претрес во домот на А.С.(39) во с.Марино и притоа биле пронајдени и одземени: една ловна пушка марка „BAIKAL“ Mod.IŽ-58, кал.16GA, едно огнено оружје „Zastava Europe“ Mod.M-70, кал. 9мм, две рамки за пиштол, 29 куршуми и  16 ловни патрони, за кои А.С. не поседувал дозвола, соопшти МВР.

Исто така, пронајдена е и една ловна пушка „BAIKAL“ Mod. MP-153, кал.12GAх3 и 41 ловен патрон, за коишто лицето поседувало дозвола за оружје.

По ова А.С. бил лишен од слобода, а во врска со настанот бил известен Јавен обвинител, од кого се добиени насоки лицето да се задржи за понатамошна постапка.

Предметите со наредба од обвинител ќе бидат предадени на вештачење.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега