Приведени двајца скопјани откако полицијата кај нив пронашла дрога

Двајца скопјани биле уапсени вчера откако полицијата при претрес кај нив пронашла дроа, информира МВР.

Вчера во 21:00 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Р.С. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Половина час подоцна  на подрачјете на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 19-годишниот В.Ф. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега