19- годишна девојка со автомобил удрила во пешак- две лица префрлени во кумановската болница

Вчера во кумановско Липково, 19- годишна девојка со автомобил удрила во пешак, по што пешакот и сопатникот во автомоблот биле повредени и пренесени во кумановската болница.

Според пријавеното вчера наутро околу 08.50 часот во село Оризаре, општина Липково, на регионалниот пат Липково - Куманово, Е.Е.(19) од село Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „даихатсу“, со кумановски регистарски ознаки, удрила во пешакот А.Р.(23) од село Лојане, општина Липково.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил Ј.Е, сопатник во возилото.

Тие биле пренесени во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.11.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега