Возило излета од пат во Македонија - Еден тешко повреден

Маж се здобил со тешки повреди откако излетал од патот Струмица – Валандово со патничко моторно возило „фолксваген пасат“.

Во 09.00 часот на регионалниот пат Струмица – Валандово, патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со велешки регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот В.М. од Гевгелија, изгубило контрола и излетало од патот. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 11:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега