Страотна сообраќајка во Македонија: Еден починат на лице место

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, околу еден километар после село Ропотово.

МВР информира дека патничко моторно возило „Опел Астра“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 66-годишниот М.Т. од Прилеп, во 16 часот и 40 минути излетало од патот, и за жал на несреќата починал сопатникот В.Т. (71) од Прилеп, додека возачот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Градската општа болница Прилеп за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 10:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега