Ги фатиле со дрога - пет лица уапсени во Скопје

Пет лица биле приведени на територијата на Скопје, откако кај нив биле пронајдени наркотици, информира МВР.

Вчера во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, на наплатната рампа Миладиновци, ги лишиле од слобода 41-годишниот И.С. и 38-годишниот И.Е., двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка. 

Синоќа, во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Трета Македонска Бригада“ го лишиле од слобода 26-годишниот А.Н. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Истата вечер во 00:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Партение Зографски“  го лишиле од слобода 19-годишниот В.С. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Подоцна во 01.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје во подрачјето на населба Карпош го лишиле од слобода 23-годишниот В.Ш. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега