Филипче: Инсталиран е новиот дигитален мамограф во Општата болница во Гостивар

Инсталиран е новиот дигитален мамограф во Општата болница во Гостивар и од наредната недела ќе биде пуштен во употреба за пациентите од овој регион. Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети болницата и информираше дека извршена е реконструкција на оперативниот блок и изолација на кровна тераса.
„Извршена е реконструкција на оперативниот блок, изолација на кровната  тераса и завршена е постапката за реконструкција на хируршкото одделение во болницата. Во изминатиот период набавивме и нова медицинска опрема, со што на медицинскиот персонал им овозможивме подобри услови за работа, а на пациентите квалитетни здравствени услуги.
За две години, реализирани се 37 вработувања на неопределено работно време (1 доктор специјалист по ОРЛ, 13 доктори на медицина, 15 медицински сестри, 1 акушерка, 2 лаборантски техничари, 1 фармацевтски техничар, 1 физиотерапевтски техничар, 2 РТГ технолози, 1 дипломиран физиотерапефт). Со договор на дело ангажирани се 22 вработени и во тек е огласот за вработување за 27 работници кои се медицински кадар и 23 работници кои се немедицински кадар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2019 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега