Заев: Иницијативата „Мал Шенген“ значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан

 

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан, напиша изутринава на Фејсбук премиерот Зоран Заев по вчерашната средба на лидерите од регионот за иницијативата за регионална соработка оценета како „мал шенген“.

„ЗА ПОДОБАР ЗАПАДЕН БАЛКАН

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните низ сите земји од нашиот регион. Тоа значи подобар живот за сите во еден современ и мирољубив Балкан:

 Слободно движење на граѓаните низ земјите во регионот само со лични карти;

 Ефикасни гранични премини каде контролите работат 24/7 и брза трака за најмало можно чекање на камионите кои пренесуваат стоки и производи;

 Постигнување рамка за признавање на професионални квалификации за дефицитарни професии и програма за поголема мобилност на студентите и младите;

 Засилување на напорите за автоматско меѓусебно признавање на дипломите на граѓаните во целиот регион без дополнителни нострификации;

Зајакнување на полициската соработка за прекугранична борба против криминал, тероризам, нелегална миграција и итни ситуации;

 

 Развивање заедничка платформа за заедничка инвестициска понуди“напиша Заев на Фејсбук.

Иницијативата вчера ја промовираа лидерите на  Македонија, Албанија и Србија, како што беше нагласеново Охрид, „Мал Шенген“ не значи отстапување од европските интеграции, туку заложби за заеднички ангажман за олеснување на сите гранични процедури, со цел овозможување олеснет проток на капитал, стоки, услуги и движење на луѓе. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.11.2019 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега