Османи: Реформите ќе продолжат, нашата иднина останува Европската Унија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи се сретна со Директорката за Западен Балкан при Генералниот директорат за проширување и соседска политика, Геновева Руиз Калавера и со Директорката за Западна Европа, Западен Балкан и Турција при Европската служба за надворешни работи, Ангелина Ејхорст, кои се во посета на Република Северна Македонија

На средбата беа разменети мислењата и впечатоците поврзани со исходот од октомвриски самит на Унијата, каде земјите – членки не успеаја да постигнат консензус за старт на преговорите со земјава. 

„Покрај мојата лична благодарност, дозволете во името на Владата да ја пренесам и благодарноста на целата Влада, па и на целата земја, за севкупната поддршка од страна на Директоратот за проширување, со чија помош навистина остваривме значајни резултати во имплементацијата на реформите и суштински ја подготвивме земјата за старт на преговорите“ истакна Османи, потенцирајќи ја притоа подготвеноста на Владата да продолжи по истиот пат, независно од привремениот политички застој во Европскиот совет. 

„Навистина постои разочарување и чувство на неправда, но ве уверувам дека тоа нема да нѐ оддалечи од нашата амбиција да продолжиме на овој пат, да создаваме европски правила и стандарди во работењето, притоа застапувајќи ги и промовирајќи ги европските вредности во целиот регион“ нагласи Османи. 

Во продолжение на средбата соговорниците разговараа и за идните чекори на Владата, но и на европските институции, со цел да се задржи фокусот на европската перспектива на земјата. Тие се согласија дека независно од фактот што очекувањата не беа пресретнати, иднината на Република Северна Македонија, но и целиот регион е во Европската Унија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2019 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега