ЕПП: Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка

Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка, објави денеска пратеничката група Европската народна партија (ЕПП) во Европскиор Парламент.

-Одлуката да се блокираат преговорите со Северна Македонија и Албанија е стратешка грешка. Ја истакнуваме улогата и одговорноста што ја има Емануел Макрон во врска со одбивањето и негативните последици од тоа врз кредибилитетот на ЕУ, се нагласува во твитот на пратеничката група на ЕПП.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега