Заев: Државата од изолирана земја ја направивме посакувана туристичка дестинација за светските патувачи

Нашата убава Северна Македонија прогласена за трета најдобра дестинација за туристи во 2020 година од Lonely Planet, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Државата од изолирана земја ја направивме посакувана туристичка дестинација за светските патувачи, кои се во потрага по вкусната македонска храна, убавите домашни вина и уникатната природна убавина на нашите бисерни езера и убави планини.

Факт за подобрениот туризам е и извештајот на ДЗС кој вели дека во првите 8 месеци од 2019, бројот на странски туристи се зголемил за 2,7%, а само во август зголемувањето е 4,7%“, напиша Заев.

 

Компанијата за туристички водичи „Лонли планет“ (Lonely planet) ја вброи Северна Македонија на третото место меѓу десет дестинации кои треба да се посетат во 2020 година.
Во препораката за нашата земја наведува дека таа е веќе позната по гастрономијата, античката традиција, култура и природа, а нова причина да се посети идната година се и дополнителните летови до Охридско Езеро  заштитено УНЕСКО, како и патеката „High Scardus Trail“ од 495 километри покрај најдраматичните врвови во регионот.
Во топ 10 туристички дестинации на листата на „Лонли планет“ за 2020 година, на прво и второ место се Бутан и Англија, а по нашата земја, од 4 до 10 место се препорачани: Аруба, Свазиленд, Костарика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.10.2019 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега