Наумовски: Не може потпишете договор дека имате заедничка историја а после да бегате од договорот

„Јас не сум сигурен дали пред потпишувањето на овој договор биле земени предвид сите овие аспекти и сите можни последици. Не можете да потпишете во еден договор дека имате заедничка историја а после да бегате од имплементација на тој дел од договорот каде што навистина ќе треба да демонстрирате дека двете држави, двата народи имаат заедничка историја барем во еден одреден нејзин дел.
Мислам дека со последната позиција бугарската позиција се радикализира“ – вели Наумовски

Според него, двете земји треба да работат на зголемување на довербата меѓу двата народи. Според него, Бугарија треба да ја признае посебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик.

„Ние како народи сме навистина многу блиски, најблиски можеби на Балканот, јазиците ни се исто така најблиски во споредба со останатите јужнословенски јазици, меѓутоа имаме своја посебност. Признавањето на посебноста на нашиот народ и јазик не претставува никаква опасност за современото бугарско општество“ – вели Наумовски

Според него, пријателството меѓу двете земји не треба да се докажува со договори и со декларации туку со конкретни чекори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2019 - 17:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега