Страшна несреќа во Прилеп: Воз удри во автомобил

 

Четири лица се здобиле со повреди откако воз удрил во автомобил во Прилеп, информира МВР.

„Вчера во околу 05:20 часот на железнички премин на улица „Леце Котески“ во Прилеп, патнички воз удрил во патничко возило „ауди“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот Ј.М. од Прилеп. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките К.Н.(53) и С.Р. од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот Ј.М. и сопатничката Д.М.(50) од Велес. Тие биле пренесени во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и Јавен обвинител“, соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега