Полицијата упадна во куќа во Тетово - Сопственикот веднаш приведен

Полицијата нашла цел арсенал оружје во домот на тетовчанец и го привела.

Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот Б.З. од селото Копанце,тетовско, затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една автоматска пушка, една рамка со 19 куршуми калибар 7,62мм, еден пиштол „Берета“ со една рамка, 162 куршуми калибар 7,62мм и еден куршум калибар 7,65мм.

З.Б. е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.10.2019 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега