Фатени двајца измамници во казино во Скопје: Вработена на коцкар му уплатила 7.700 евра без покритие

Дваесет и двегодишна девојка вработена во скопско казино заработи кривична пријава за кривично дело затајување затоа што на 33-годишен маж што се коцкал во казиното му извршила уплата без покритие на повеќе апарати. Вкупниот износ на уплатите бил 7.721 евра. Кривична пријава е поднесена и против 33-годишникот од Сарај.

 

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ѓ.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ и против Ш.Н.(33) од с.Сарај, скопско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“ во врска со „поттикнување“ и ,,соизвршителство“. На 31.07.2019 во времето од  07,00 до 15,00 часот во казино во Скопје првопријавената како вработена во казиното, во повеќе наврати извршила уплати на пари на повеќе апарати без покритие, додека второпријавениот со планирање на начинот и во договор со првопријавената, истата ја поттикнал во негова корист да уплати парични средства без покритие во вредност од 474.888 денари“, соопштија од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега