Детали за несреќата на патот Струмица-Радовиш: Почина 19-годишна девојка

Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајна несреќа, што се случи околу 4:20 часот на патот Струмица-Радовиш, кај крстосницата за селото Радичево, информираше Вернер Стоилов од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

При сударот на лице место починала 19 годишна девојка од Струмица која била на совозачкото место во патничкото возило а со тешки повреди поминал возачот кој е пренесен во струмичката болница, објави струмичкиот поартал drnka.mk

Во несреќата учествувале камион марка „ДАФ“ и автомобил „Шаран“. Во извлекувањето на загинатиот и повредениот од автомобилот учествувале шестмина пожарникари и едно противпожарно возило со употреба на хидроулична алатка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2019 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега