Инцидент во Скопје: Прво го удрил со автомобил, па го нападнал

 

Вчера во 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. Цветан Димов патничко возило управувано од А.К. удрило во 28-годишниот А.Г. од Скопје, а потоа А.К. и физички го нападнал А.Г.

Како што информира МВР, двајцата од претходно се познавале и имале претходни недоразбирања. Кај А.Г. од лекар биле констатирани телесни повреди. Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега