Дрога и оруже пронајдени во нивниот дом и автомобил - уапсени татко и син во Тетово

Вчера во СВР Тетово биле лишени од слобода Ш.Т.(42) и Д.Т. (68) од с.Церово, тетовско, кај кои истиот ден во периодот од 06:45 до 09,30 часот, постапувајќи по претходно издадена наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници при преглед во куќа и патничко возило „Голф 5“ со тетовски регистарски ознаки во сопственост на Ш.Т. и неговиот татко Д.Т. пронашле марихуана, пушка „бокерица“ кал.12мм, 13 патрони различен калибар и 15 куршуми калибар 7,62 и 15 м. дрва без печат.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега