Тешка несреќа на патот Битола-Ресен: Три лица повредени

 

Три лица се здобиле со повреди при сообраќајна несреќа која се случила во Битола, информира МВР.

„Вчера во 14:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосница од магистралниот пат Битола-Ресен со регионалниот пат Макази-Маркова Нога, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф 3“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 35-годишниот К.С. од село Лескоец,охридско и патничко возило „сеат толедо“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Г.Г. од Ресен.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.С., неговата сопатничка М.С.(31) од село Лескоец,охридско и сопатничката во патничкото возило „сеат “, Н.Ц.(28) од село Царев Двор,ресенско кои се пренесени во Клиничкиот центар во Битола за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола“, соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега