Девојка со тешки повреди однесена во Градска болница

 

Девојка се здобила со тешки телесни повреди откако паднала од својот велосипед во Скопје. Како што информира МВР, вчера во 09:20 часот на булеварот „Партизански одреди“ 33-годишната Е.К. од Скопје управувајќи велосипед „Каприс“ паднала на велосипедската патека и се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега