Заев на средба со Фатхаллах ел – Далие: Отворени се можности за унапредување на економската соработка со Египет

Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Моајад Фатхаллах ел – Далие, амбасадор на Арапска Република Египет за Република Северна Македонија, кој го завршува својот мандат. 

На средбата е констатирано дека нашата држава напредува по Договорот од Преспа и отворените интеграциски перспективи и со тоа отворени се можности за унапредување на билатералната соработката, посебно на економски план, помеѓу Арапска Република Египет и Република Северна Македонија. 

Разговарано е за иницијатива за трговски можности во областа на земјоделството, со оглед дека нашата држава има потенцијали во земјоделството, како и за можностите за охрабрување на египетски бизнисмени да инвестираат во нашата земја. 

„Градиме пријателства со сите држави, а НАТО и ЕУ перспективите создадоа можности за поинтензивен развој на економските односи со државите во светот. Во очекување сме на историската одлука за шансата да почнеме преговори со ЕУ. Ги заокружуваме НАТО интеграциите коишто значат стабилност. Поради сето ова, зголемен е интересот на странските инвеститори, коишто со поволните бизнис услови што ги овозможува државава кон инвеститорите, гледаат перспективи за инвестирање овде. Се надеваме дека тие можности ќе ги препознаат и египетските компании“, рече премиерот Заев. 

На средбата се споделени искуства од Египет за развојот на туризмот и изградбата современа инфраструктура, а разговарано е и за промовирањето на културните вредности.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега