Ахмети се сретна со бугарскиот амбасадор: Очекуваме добра вест од Брисел

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, во седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со Амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Ангел Ангелов,. 

  Ахмети и Амбасадорот Ангелов дискутираа за билатералните односи, спроведувањето на Договорот за добрососедтсво како и евроатланската интеграција на нашата земја. 

 Ахмети истакна дека Договорот за добрососедство помеѓу Скопје и Софија е важно постигнување и треба да се спроведува детално. 

Истотака, трговските односи помеѓу нашите две земји треба да покажат раст, а нашите институции треба да го помогнат овој процес. 

Поддршката на Бугарија за добривање на датум за почеток на преговорите помеѓу Македонија и Европската Унија е клучна и ние сме во очекување на позитивни вести од Брисел следната недела. 

Ова позитивна одлука на земјите членки на Европската Унија ќе го продлабочи дијалогот со Брисел и ќе ги забрза реформите во земјата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега