Загубил контрола и излетал - Момче тешко повредено во несреќа во Македонија

Млад тетовчанец е тешко повреден откако изгубил контрола и излетал со возилото БМВ на патот Скопје-Тетово.

МВР денеска информира дека во 08.40 часот на автопатот Скопје - Тетово, пред Добарски натпатник, 25-годишниот М.К.од Тетово, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата М.К. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.10.2019 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега