Општина Охрид: Почна уривањето на дивите платформи

Општина Охрид информира дека денеска почнло отстранување на дивопоставените платформи од угостителските објекти, кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од месноста „Ј’но“, до наслебата „Канео“.  Дел од сопствениците на угостителските објекти кои претходно имале добиено известувања за извршување, веќе имале ангажирано сопствени екипи за отстранување на објектите.

Уривањето е во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Од Општината најавуваат дека во текот на денешниот ден и во текот на престојниот викенд, општинските инспектори ќе вршат контроли на активностите за отстранување на платформите. Доколку не се постапува согласно најавеното, велат од таму, општината ќе продолжи да ги извршува активностите за отстранување според предвидената динамика.

„Општина Охрид го поздравува потегот на угостителите кои одлучија сами да ги отстранат дивопоставените платформи и уште еднаш потенцира дека е сериозно посветена на успешноста на целокупната акција за отстранување на дивоградбите и успешноста на целокупниот процес за исполнување на препораките, со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО“, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2019 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега