Гостиварец измамен: Продавач му наплатил 54 илјади евра за туѓа нива

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.С. (44) од село Добри Дол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.

Во текот на 2018 до август 2019, пријавениот, на С.Ф. (53) од село Добридол, кој живеел во САД, му понудил за продажба нива во туѓа сопственост.

Притоа, тие склучиле договор за купопродажба, за што С.Ф. на пријавениот му исплатил 54.500 евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега