Се истражува случај на проституција на 14-годишно девојче од Штип

Во врска со наводите во некои медиуми за вклученост  на 14-годишното девојче од Штип во мрежа на малолетничка проституција во земјава и во една земја во странство, началникот на Одделението за информации од јавен карактер во  МВР Сузана Праниќ за МИА рече дека  работат на случајот, но во интерес на истрагата не можат да соопштат детали.

Официјалната изјава од МВР е дека тие во координација со Јавното обвинителство и во соработка  со Министерството за труд и социјална политика работат на случајот. Портпаролот на Министерството за труд и социјална политика Ирена Смијанска ни одговори дека детето е на безбедно место.

Деталите за овој случај ќе следат откако надлежните институции ќе завршат со целосната истрага бидејќи, како што велат нивни претставници,  во моментов сè е  на ниво на шпекулации што можат  да наштетат на истрагата.

 

Вчера, ТВ Стар објави дека мајка од Источна Македонија ја принудувала малолетната ќерка на проституција за сума од 1.000 до 1.500 денари. Тие повикувајќи се на неофицијални информации од истрагата објавија дека 14-годишното девојче три години било жртва на сексуална злоупотреба и дека истражните органи проверуваат дали детето било дел од меѓународен ланец на проституција продавано. Девојчето неодамна само го пријавило случајот во полиција.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 17:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега