Уапсени пет лица во Скопје

Полицијата во Скопје вчера уапси пет лица фатени на дело со дрога.

Во 11.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на булеварот „Гоце Делчев“, ги лишиле од слобода Е.Ж.(41), С.Р.(28), С.И.(41) и А.Ќ.(28), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени прашкаста материја и марихуана. 

исто така, 35 минути по полноќ полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле 48-годишниот Ј.А. од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2019 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега