Мигрант се здоби со повреди додека се обидувал да и побегне на полицијата

Вчера околу 11.30 часот на автопатот Куманово – Граничен премин „Табановце“, во близина на обиколница село Табановце, полициски службеници забележале товарно возило „цитроен џампер“ со скопски регистарски ознаки, од кое излегле мигранти, кои заедно со возачот се вдале во бегство.

-По преземени мерки, полициски службеници ги пронашле A.Х.(22) и А.А.(21), двајцата од Пакистан. А.Х. се здобил со повреда на нога додека бегал и му била укажана помош од екипа од Црвен крст- се вели во соопштение од полицијата.

Увид извршила екипа од СВР Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2019 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега