Автомобил удри во 4-годишно дете во Скопје

Во текот на вчерашниот ден, автомобил удрил 4- годишно дете, по што тоа било пренесео на Клиника.

-Вчера 13 часот на улица „Белградска“ во Скопје, Ј.И.(38) од Скопје, управувајќи патничко возило „сузуки витара“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во четиригодишно дете пешак.- соопштуваат од МВР.

Детето се здобило со телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.09.2019 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега