Две лица повредени во сообраќајка во близина на Струга

Две лица пренесени во болница по сообраќајка на патот Струга- Дебар.

-Вчера во 11.30 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, кај село Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.В.(30) од Струга и патничко возило „форд“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.Д.(24) од село Вевчани. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила М.Д. и била пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „форд“, А.Д.(60) од с.Вевчани и А.В., по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струга, стои во соопштение од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега