Тешка несреќа во Скопје: Едно лице итно на Клиника

Едно лице е тешко повредено во сообраќајка која се случила помеѓу автомобил и мотор вчера во Скопје.

Во 18 часот и 50 минути на улицата „Московска“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот М.Б. од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 46-годишниот П.С. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега