Тешко повреден скопјанец - Со возилото излетал од пат

Скопјанец е тешко повреден откако со своето возило БМВ  вчера излетал од патот Скопје-Тетово.

Во 19 часот и 40 минути на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Добарце, патничко возило „БМВ“, управувано од 42-годишниот А.М. од Скопје, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот и бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега