Полицијата упадна во две куќи во скопско - Двајца приведени

Македонската полиција влезе во две куќи во скопско и приведе две лица кои ги фати со дрога.

Полициски службеници на СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, го привеле 38-годишниот А.Г. од селото Волково, скопско, затоа што при претрес во неговиот дом  извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

А.Г. бил приведен во Полициската станица Ѓорче Петров и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Исто така истиот ден Единица за недозволена трговија, врз основа на судска наредба, изврши претрес во домот на 43-годишниот Ѓ.А. од селото Ржаничино, скопско. При претресот биле пронајдени 70 куршуми, шест ловни патрони, еден пиштол, една рамка со два куршуми и една дигитална вага со остатоци од непозната материја, кои биле привремено одземени.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.09.2019 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега