Уште две недели лето - потоа дожд и посвежо време

И покрај најавите за дестабилизација и заладување, летото останува со нас, барем до втората половина на септември.
Според најавите, температурите од над 30 степени ќе се задржат во текот на оваа и наредната недела. Во текот на денот ќе имаме нешто над 30 степени, а ноќите ќе бидат посвежи со температури кои ќе се спуштаат и до 10 степени во текот на наредната седмица.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност без услови за врнежи од дожд.
Заладување проследено со дождови ќе имаме во последната недела од септември кога ќе се мерат максимални 20 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега