Суспендираниот судија Шахини ќе суди и по пензионирањето- Судскиот совет му го продолжи мандатот

Суспендираниот управен судија, Мустафа Шахини, поднел барање до Судскиот совет за да му биде продолжен мандатот по неговото пензионирање, пренесе „Макфакс“

Советот со 13 гласови „за“, едногласно одлучи дека му го продолжи мандатот на судијата за една година по неговото пензионирање заклучно со 23 август 2021 година.

Членовите на Советот, Виолета Богојеска и Лорета Ѓорѓиевска, коментираа за точката за продолжување на мандатот на Шахини.

Ѓорѓиевска рече дека не може да се прејудицира одлуката за Шахини, особено во делот за почитување на пресумпцијата на невиност.

Шахини е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација на имот на брегот на Охридското езеро во Струга, со кои државата ја оштетил за над 200 илјади евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега