Филипче: Нема отстапување - децата без вакцина нема да бидат примени во градинка

Нема отстапување од одлуката децата кои не се вакцинирани да не бидат примени во градинка, изјави денеска Министерот за здравство, Венко Филипче.

По информациите дека во некои училишта не ја почитуваат одлуката и примаат деца без примени вакцини, Филипче најави дека неделава ќе заседава Комисијата за заразни болести и не е исклучена можноста да има нови препораки.

Министерот најави дека ќе бидат засилени и контролите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и ќе има казни за тие што не ја почитуваат одлуката.

И покрај почетокот на учебната година здравствените власти не бележат зголемување на бројот на заболени од морбили.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега