Нов обид за разрешување на Вангеловски

Судскиот совет на денешната седница повторно ќе го разгледува извештајот за разрешување на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
Според информациите од советот, членовите утрово пред почетокот на седницата одржале
колегиум.

Претседателот на Советот Киро Здравев потврди дека на седницата ќе има точка за разрешување на претседател на суд без да прецизира за кого станува збор.
Советот и претходно се обиде да го разреши Вангеловски но немаше мнозинство за тоа, откако новиот член на советот Миљазим Мустафа побара дополнително време да го разгледа предметот пред да одлучи како ќе гласа.
За овој предмет, градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети јавно изјави дека добивал барање за урегенции од страна на премиерот Заев. Беџети изјави дека премиерот Заев од него барал да врши притисок врз членови на Судскиот совет за да го поддржат разрешувањето на Вангеловски.
Пред стартот на седницата, ДУИ се огласи со писмено соопштение порачувајќи дека членовите на Судскиот совет своите одлуки треба да ги носат во согласност со закон.
„Демократската Унија за Интеграција нагласува дека владеењето на правото, еднаквоста пред законот и доследното спроведување на законот од страна на сите е предуслов за општествена стабилност, интеграција и економски развој. 
Цениме дека Судскиот Совет, Советот на Јавни Обвинители заедно со судии и обвинители, како и другите институции и носители на јавни функции, своите одлуки треба да ги носат исклучиво во согласност со закон и поткрепени со факти. 
Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки и никој не е над законот. 
Демократската Унија за Интеграција се дистанцира од секакво политичко мешање во одлуките на институциите кои го спроведуваат законот и сметаме дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди со добро спроведен ветинг и тоа преставува наш апсолутен приоритет.“ стои во писменото соопштение на ДУИ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2019 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега