Макрон: Франција ја поддржува европската перспектива на Вашата земја и на сите други од Западен Балкан

По повод празникот Денот на Независноста, францускиот претседател Емануел Макрон, му упати честитка на Пендаровски, соопштуваат од француската амбасадата.

„Би сакал Вам и на сите Ваши сограѓани да Ви ги упатам најсрдечните честитки по повод националниот празник на Република Северна Македонија.

 

Годината ја обележа стапувањето во сила на Преспанскиот договор како и потпишувањето на протоколот за приклучување на Вашата земја во НАТО. Предлог законот, кој ќе овозможи негова ратификација е веќе доставен до Француското собрание за кој тоа треба набрзо да се произнесе. Сакам да ги поздравам овие значајни постигнувања со кои се унапредуваат стабилноста и развојот на Северна Македонија и на регионот на Балканот.

 

Франција ја поддржува европската перспектива на Вашата земја и на сите други од Западен Балкан. Посакувам Европската Унија  што побрзо да ги прецизира начините за да ѝ овозможи на оваа перспектива да биде дел од неопходната реформа за функционирањето на Европската Унија, за да може да ја гарантира нашата стабилност и нашата заедничка иднина.

 

Посакав Франција да го зголеми својот конкретен ангажман на државно ниво, во полза на стабилноста и на развојот на земјите од Западен Балкан изготвувајќи национална стратегија за регионот. Стратегијата предвидува зајакнување на нашите политички контакти и на билатералната соработка во четири области: економски и социјален развој, безбедност, правда и одбрана. Што се однесува до економскиот и социјален развој, посакувам што побрзо да се потпише договорот меѓу нашите две земји со кои се дефинираат условите за делување на Француската агенција за развој во Северна Македонија“ се вели во честитката од Макрон

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 15:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега