Филипче: Нападнатиот доктор од Тетово е во добра состојба

 

Лекарот од тетовската болница кој утринава физички беше нападнат од пациент е во стабилна состојба и нема сериозни повреди, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

– За среќа нема сериозни повреди. Тој е во стабилна состојба. Ќе го задржат на опсервација на Клиниката за неврохирургија, изјави Филипе по посетата на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

 

Претходно, СВР Тетово информираше дека утринава околу 9 часот бил нападнат лекар на Кожното одделение при Клиничката болница во Тетово. Сторителот, 43-годишниот А.Б. од Голема Речица е приведен и задржан во полициска станица

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега