Ништо од оставката: Катица Јанева ќе чека разрешување во Шутка

Осомничената обвинителка Катица Јанева не напишала писмо со кое барала да биде активирана оставката што ја најави на 15 јули, јавува Плусинфо повикувајќи се на извори од затворот во Шуто Оризари каде што ја издржува мерката притвор поради сомнение дека е инволвирана во аферата „Рекет“.

Претходно и од кабинетот Талат Џафери излегоа со став дека до Собранието, каде што вчера почна процедурата за нејзино разрешување, нема стигнато писмо со оставка на обвинителката во притвор.

И претседателот на Советот на обвинители Ацо Колевски утрово во изјава за МИА рече дека не добиле допис со оставка од Јанева, а и да се случи тоа, според Законот за СЈО, тој документ обвинителите може да го разгледаат, а ќе го утврдат откако за тоа одлука ќе донесат пратениците.

Инаку, вчера Комисијата за избори и именувања едногласно и без дебата, му препорача на Собранието да ја разреши Јанева поради незаконско, несовесно и нестручно раководење со СЈО.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.09.2019 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега