Во скопско Идризово ученици Албанци ја бојкотираа наставата поради немање албанска паралелка

Десетици ученици Албанци во О.У. „Његош“ во Идризово веќе со години не го имаат правото од петто до деветто одделение да ја следат наставата на албански јазик. Револтирани за оваа ситуација, родителите и децата ја бојкотираа наставата и додаваат дека ќе продолжат со тоа до решавање на проблемот, пренесува „ТВ Алсат“.

„Ја бојкотираме наставата бидејќи не ни се дава можност да учиме на албански јазик до деветто одделение. Не ни се дава дозвола веќе со години. Пречката е кај училиштето и градоначалникот, кој не доставува барање до МОН“, рекол, родител.

Родителите го обвинуваат директорот на училиштето, Никола Настевски, за намалување на бројот на ученици Албанци на списокот што тој го доставува до општина Гази Баба. Од општината, врз основа на тој список, во кој се наведува дека има само двајца ученици, велат дека не може да се отворат паралелки за толку мал број на ученици.

Министерот за образование, Арбер Адеми, вели дека министерството со кое тој раководи е подготвено, штом општината Гази Баба ја достави потребната документација и барање, веднаш да го одобри отворањето на паралелки. Однесувањето на директорот на училиштата кон новинарските екипи Министерот за образование го опиша како недозволиво и недолично за еден директор или педагог.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2019 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега