Несреќа во Македонија: Голф прегази пешак

Тешка несреќа се случила во Злетово кога бил прегазен пешак.

Во 07.35 часот на улицата „Македонија“ во селото Злетово, пробиштипско, патничко возило „фолксваген голф“ со кратовски регистарки ознаки, управувано од 37-годишниот В.Т. од Кнежево, кратовско, удрило во пешак.

Се работи за 73-годишниот С.С. од селото Злетово. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му била укажана помош.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2019 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега