Хаос во Тетово: Со автомобил удрил и повредил тројца тинејџери, неговата сопатничка нападнала полицаец

 

Рано утринава во 03:35 часот во Тетово на ул.„Маршал Тито“, пред угостителски објект, С.Ј. (26) од Тетово со патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во три лица на возраст од 18 години, со кои претходно се расправал.

Тројцата биле пренесени во Клиничката болница Тетово, каде им биле констатирани телесни повреди.

Во 04.45 часот С.Ј. и сопатничката А.М.(23) од Тетово биле пронајдени од полициски службеници на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ и приведени.

При приведувањето А.М., која била под дејство на алкохол, нападнала полициски службеник.

Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега