Министерот Димитров на 14-от Бледски Стратешки Форум

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, утре и задутре, ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, што се одржува по 14-ти пат во Блед, Словенија.

Овогодинешното мото на Форумот гласи „Ресурси/извори на (не)стабилност“ (Re)sources of (in)stability, а дискусиите ќе бидат посветени на улогата на ресурсите/изворите во контекст на мирот и безбедноста, одржливиот развој и економскиот напредок.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров ќе земе учество на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” на кој ќе се осврне на европските перспективи на Северна Македонија.

На маргините на Бледскиот Стратешки Форум предвидени се неколку билатерални средби со свои колеги и други учесници на Форумот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега