Зоки Кичеец од притвор однесен на Клиника

Еден од осомничените во случајот „Рекет“, Зоран Милевски, познат како партнер на Боки 13 во оваа афера, од истражниот притвор во Шуто Оризари е пренесен на Клиниката за кардиологија пред два дена.

Според информациите на 24 инфо, Зоки Кичеец бил сместен во петокот попладне во еден од апартманите на Клиниката под надзор на неколкумина припадници на МВР., кои го обезбедувале и влезот на оделениот како и целиот комплекс. 

Иако непотврдено, на Кичеец му се слошило во притворот, по што службите реагирале со негово преместување во Клиничкиот центар Мајка Тереза.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега