СОНК: Утре ќе има предупредувачки штрајк во училиштата

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) одлучил утре, на 2 септемри, да има предупредувачки штрајк на вработени во образовната дејност. Тоа, според претседателот на СОНК, Јаким Неделков, значи дека членовите на синдикатот и оние кои ќе се солидаризираат кон штрајкот нема да прифаќаат ученици, нема да оддржуваат настава ниту ќе реализираат воспитно-образовни активности.

– Кадарот во училиштата ќе се појави на работа и ќе престојува во заедничка просторија, определена од директорот онолку време колку што е предвидено за активностите тој ден – изјави утрово Неделков.

Тој објасни дека штрајкуваат членовите на синдикатот, а може да се приклучат, солидаризираат оние кои не се членови.

– Тие за солидаризацијата треба да дадат изјава до директорот на училиштето и до синдикатот -вели Неделков.

Членови на СОНК, според него, се 90 проценти од наставниците во земјата или повеќе од 20.000 наставници.

– Имаме најави за солидарност, очекуваме масовност но и опструкции. Општините и централната власт повикаа за оддржување настава. Неблагодарно е да прогнозираме што ќе донесе утрешниот ден. Да почекаме до утре – вели Неделков.

Родителите по сè изгледа ќе треба да прашаат во училиштето дали детето утре да појде на настава.

 

Наставниците се незадоволни од најавеното зголемување на платите од 5 отсто. Синдикатот ѝ даде рок на Владата до 1 септември за преговори и за реално зголемување на платите на сите вработени во образовната дејност.
– Не сме задоволни од зголемувањето на платите од 5 проценти. Реално би било зголемувањето да е 20 проценти – рече Неделков.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега