Убиство во Гостивар: Жена починала на лице место, а две лица пренесени во болница

 

Жена на возраст од 78 години, е убиена, а други две лица се ранети во Гостивар, дознава Алсат. 

Жртвата настрадала во сопствениот дом, а според „Алсат“, сторителот бил во нејзината куќа, кадешто имало уште две други лица и ги нападнал со нож.

Возрасната жена починала на самото место на настанот, а двете други лица, еден маж и една жена, се пренесени на скопските клиники.

Неофицијално, мотивот за убиството се нерасчистени долгови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега