Изгубил контрола над возилото, па излетал од патот - две лица тешко повредени

Две лица повредени во сообраќајка на патот Охрид- Кичево, откако возачот изгубил контрола и излетал од патот.

Вчера во 21.00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, кај Копачка, С.Р.(59) од Тетово управувајќи патничко моторно возило „пасат“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот, а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.А.(62), по што биле пренесени во Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега